(ФОТО) (ВИДЕО) Двајца полицајци и една жена загинаа во немирите во Вирџинија

(ФОТО) (ВИДЕО) Двајца полицајци и една жена загинаа во немирите во Вирџинија

Во немирите што настанаа поради собирот на екстремните десничари во американската сојузна држава Вирџинија загинаа три лица, а повеќе се повредени.

Една учесничка на контрамитинг, на возраст од 32 години, настрадала кога автомобил со голема брзина влетал во толпа, а двајца полицајци загинале кога се урнал хеликоптерот во кој биле, во текот на надгледување на собирот.

Возачот на автомобилот, Џејмс Фелдс (20) е уапсен и обвинет за убиство, нанесување повреди и бегство.

Американскиот министер за правда Џеф Сешнс ја осудил расната нетолеранција и омраза по насилството во Шарлотсвил и навел дека насилството „удира во срцето на американското право и правда“.

Најголем дел од повредените се учесници на контрамитингот кои протестирале против собирот на радикалната десница.

Властите во Вирџинија претходно прогласија вонредна состојба за да можат согласно закон да распоредат дополнителни безбедносни сили.

Десничарите, меѓу кои имало и претставници на групи блиски на расистичката организација Кју Клукс Клан (ККК) и неноацистити се собрале во знак на протест поради најавите за отстранување на споменикот на конфедералниот генерал Роберт Едвард ли (1807-1870) во градскиот парк во Шарлотсвил. Тој е познат по тоа што бил против укинување на ропството.