(ФОТО) (ВИДЕО) Невреме во Србија, делови од земјата побелеа од град

(ФОТО) (ВИДЕО) Невреме во Србија, делови од земјата побелеа од град

Силно невреме попладнево ја погоди Србија, а најголема количина град паднал во Горни Милановац.

Српските медиуми пренесуваат дека градот, со големина на зрно грашок, предизикал штета на овошните култури.

Невреме ги зафати и Чачак и Лучани, каде што голем дел од улиците се поплавени.

 

Пороен дожд го зафати и гратчето Гуча, но, според објавите на социјалните мрежи, невремето не ја расипало атмосферата на Собирот на трубачи.

the show must go on! #guca #trumpets #dancing #spanferkel #meat #guča

A post shared by Franzi Bechtold (@frau_grete) on

Во Србија до крајот на денот ќе биде нестабилно со локална појава на град, а можно е и невреме во одредени делови од земјата.

Во Белград кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има пороен дожд и грмежи.