(ФОТО-галерија) Огромна векна леб ги зачуди минувачите среде Скопје

(ФОТО-галерија) Огромна векна леб ги зачуди минувачите среде Скопје

Огромна векна леб е поставена на скверот близу булеварот Партизански одреди на автобуската постојка. Станува збор за герила-акција на млади луѓе, како нивен придонес во борбата против сиромаштијата. Урбаната уметничка акција предизвика интерес кај минувачите. На транспарентот под векната леб пишува: „Стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесува 21,5% или над 450 илјади луѓе. 70.000 луѓе во Македонија може да си дозволат само три достојни оброка неделно. Над 100 илјади луѓе преживуваат со помалку од 100 денари дневно“.