(Фото) Повеќе новинари од граѓани на денешниот протест против загадувањето

(Фото) Повеќе новинари од граѓани на денешниот протест против загадувањето

На денешниот протест пред Владата на Република Македонија во Скопје, педесетина граѓани протестираа против загадувањето на воздухот. Протестот што започна околу 12 часот го организираат загрижени граѓани кои иако повикаа на масовност преку социјалните мрежи, сепак истата изостана.

„Власта и сегашната и поранршната немаат слух за ова прашање“, рече Рашо Радулов еден од организаторите на протестот, кој исто така констатираше дека на денешниот протест има повеќе новинари отколку граѓани. За согорувачот за медицински отпад во Дрисла кој британската влада во 2.000-та го донирала во Дрисла, Радулов рече дека граѓаните дознале многу доцна. Тој исто така напомена дека бесплатниот автобуски превоз е само препорака, но не и мерка против загадувањето.

В. Маглешов