(ФОТО) Почна централниот митинг на СДСМ пред Владата

(ФОТО) Почна централниот митинг на СДСМ пред Владата

Почна централниот митинг на владејачката СДСМ пред Владата. На почетокот на митингот говореше граѓанскиот активист Никола Писарев, кој рече дека животната средина и екологијата мораат да бидат приоритет на новите градоначалници. „Гевгелија не смее да има вода со арсен, на Маврово не смее да има депонии…“ рече Писарев. Писарев рече дека ќе ги имаат на нишан новите власти и дека будно ќе ја следат нивната работа.


Руше Рауфе Адеми, граѓанската активистка на македонски и на албански јазик ги посочи проблемите на жителите на општина Чаир, за кои како што рече очекување решавање од новите градоначалници на СДСМ и коалицијата. Еден од нив е загадувањето на општина Чаир, за кои очекува решенија од Петре Шилегов, како градоначалник на град Скопје. Таа побара воведување трамвајски сообраќај и да се исклучат сите градски автобуси кои го загадуваат воздухот. Адеми побара и нови градинки, подземни контејнери и решавање на други инфраструктурни прашања.