(Фото) Првиот ресторан под вода во Европа ќе се гради на пет метри длабочина

(Фото) Првиот ресторан под вода во Европа ќе се гради на пет метри длабочина

Европа наскоро ќе го добие првиот ресторан под вода.

Ресторанот ќе биде изграден во Норвешка, а ќе може да прими 100 гости. Бетонската конструкција еден дел ќе биде под море, така што посетителите ќе имаат можност да го набљудуваат подводниот свет.

Ресторанот ќе се вика „Under“, а ќе се наоѓа на длабочина од пет метри. Норвешките архитекти проектот го работат по инспирација од норвешката Национална опера во Осло и библиотеката „Александриа“ во Египет.

Изградбата ќе почне следната година, а се очекува ресторанот да биде отворен во 2019 година.