Франција: Пијани патници лумпувале во воз, приведени 30 лица

Франција: Пијани патници лумпувале во воз, приведени 30 лица

Полицијата привела 30 патници во воз кој сообраќал од Париз за Евиан, поради предизвикување нереди, пренесе радио Франс инфо. Тие фрлале низ вагоните храна, отпадоци и лимеки од пијалоци, викале и ги вознемирувале другите патници. Полицијата го запрела возот во кој имало 600 патници кај Лион, а групата која предизвикувала проблеми била приведена.

Во акцијата учествувале 100 полицајци, кои откако се справиле со пијаните патници, му дозволиле на возот да продолжи кон крајната дестинација.