ФРОДЕМ побара 19 држави да ја признаат Македонија

ФРОДЕМ побара 19 држави да ја признаат Македонија

ФРОДЕМ – Фронт за демократска Македонија во соработка, и проф. д-р Игор Јанев испратиле имејлови и писма до шефовите на 19 држави во светот, како и до нивните дипломатски мисии при ОН, кои сè уште немаат воспоставено дипломатски односи со Република Македонија, соопшти лидерот на ФРОДЕМ, Јове Кекеновски.

Целта на барањата на ФРОДЕМ и на проф. Јанев, според Кекеновски, е да се заокружи процесот на признавање и воспоставување дипломатски односи со сите држави во светот, членки на ООН.

Барање за воспоставување дипломатски односи е упатено до: 1. Република Грузија, 2. Република Тунис, 3. Република Либан, 4. Република Мали, 5. Република Јужен Судан, 6. Република Сан Марино, 7. Бахамските Острови, 8. Барбадос, 9. Гренада, 10. Палестина, 11. Тринидад и Тобаго, 12. Островите Кук, 13. Република Кирибати, 14. Ниуе, 15. Република Палау, 16. Папуа Нова Гвинеа, 17. Соломонските Острови, 18. Кралство Тонга и 19. Сент Китс и Невис.