Халеп станува нова тенисерка број 1

Халеп станува нова тенисерка број 1

Симона Халеп стигна до полуфиналето на Кинескиот опен со 6:2/6:4 победа над Јелена Остапенко, со што за првпат во кариерата го обезбеди првото место на ВТА-листата, заменувајќи ја Шпанката Гарбиње Мугуруза на најновата листа во понеделник.

За Халеп ова беше слатка одмазда бидејќи 20-годишната Остапенко ја совлада во финалето на Францускиот опен. 26-годишната Романка, која уште ја чека својата прва гренд слем титула, во финалето ќе игра со Французинката Каролине Гарсија или Чехинката Петра Квитова.

Халеп е четврта тенисерка која се искачува на првото место на ВТА-листата оваа година, по Серена Вилијамс, Каролина Плишкова и шампионката од Вимблдон, Мугуруза.