Хамилтон првпат на пол-позицијата во Сузука

Хамилтон првпат на пол-позицијата во Сузука

Луис Хамилтон првпат во кариерата ќе стартува од пол-позицијата на  Јапонското ГП во Сузука, откако го совлада својот колега од Мерцедес, Валтери Ботас за три десетинки од секундата на квалификациите.

Хамилтон имаше круг од 1:27.319, најбрз во историјата во Сузука, за дури 1.7 секунди подобро од рекордот на Михаел Шумахер во 2006 година, за да ја освои 71. пол-позиција во кариерата, со 0.332 предност пред Ботас.

Ботас има казна од пет места поради менувањето на менувачкиот систем, така што Себастијан Фетел ќе биде покрај својот ривал за титулата во предниот ред во Јапонија. Германецот во Ферари беше за 0.140 секунди поспор од Ботас.

Во вториот ред ќе стартува двојката на Ред Бул, Даниел Рикијардо и Макс Ферстапен, додека Кими Раиконен во второто Ферари оствари шесто најдобро време. И тој ќе падне 5 места подолу по промената на менувачот.

Неделната трка на програмата е во седум часот наутро.

ЈАПОНСКО ГП, КВАЛИФИКАЦИИ (ПО ОДРЕДЕНИТЕ КАЗНИ)

1.Луис Хамилтон (Мерцедес), 2.Себастијан Фетел (Ферари), 3.Даниел Рикијардо (Ред Бул), 4.Макс Ферстапен (Ред Бул), 5.Естебан Окон (Форс Индија), 6.Серхио Перез (Форс Индија), 7.Валтери Ботас (Мерцедес), 8.Фелипе Маса (Вилијамс), 9.Штофел Фандорне (Мекларен), 10.Нико Хулкенберг (Рено), 11.Кими Раиконен (Ферари), 12.Кевин Магнусен (Хас), 13.Роман Грожан (Хас), 14.Пјер Гасли (Торо Росо), 15.Ленс Строл (Вилијамс), 16.Маркус Ериксон (Заубер), 17.Паскал Верлајн (Заубер), 18.Џолион Палмер (Рено), 19.Карлос Саинц (Торо Росо), 20.Фернандо Алонсо (Мекларен).