Харадинај: Навикнат сум да паѓам и да станувам

Харадинај: Навикнат сум да паѓам и да станувам

 

Рамуш Харадинај, лидер на Алијансата за иднината на Косово и кандидат за премиер, изјави дека склучил сојуз со Демократската партија, бидејќи можноста некој од опозицијата да ја раководи земјата биле минимални.

Ова особено му станало јасно по обединувањето на партијата на милионерот Беџет Пацоли со Демократскиот сојуз на Косово.

 

Запрашан дали стравува дека Демократската партија би можела да ја собори неговата евентуална идна влада, Харадинај потенцира дека е навикнат да паѓа и повторно да станува.Крај/мф/кс