Хартли добива шанса во Торо Росо?

Хартли добива шанса во Торо Росо?

Новозеланѓанецот Брендон Хартли е прв фаворит да го добие местото во Торо Росо на Американското ГП, додека „резервна опција“ е кам-бекот на Себастијан Буеми, објавува британскиот „Аутоспорт“.

Торо Росо мораат да најдат возач кој ќе вози покрај Данил Квјат во Остин, откако младиот Французин Пјер Гасли ќе се врати во Супер формула серијата во Јапонија за да се бори за титулата, додека Шпанецот Карлос Саинс јуниор ќе дебитира за својот нов тим, Рено.

27-годишниот Хартли беше официјален резервен возач на Ред бул во 2009 и 2010 година, но излезе од јуниорската програма на Ред Бул. Тој во моментов настапува во Светскиот ендуранс шампионат (ВЕЦ), каде што може да ја освои и титулата овој викенд во Фуџи, Јапонија. Буеми, пак, возеше за јуниорскиот тим на Ред бул, Торо Росо од 2009 до 2011 година.