Хумана мисија за спасување маче во Карпош

Хумана мисија за спасување маче во Карпош

Третпат службите на Општина Карпош излегоа во пресрет на молба на граѓаните и повторно во хумана мисија на спасување маче. Како што информирата од Општината, домашното милениче Аја, исплашено од уличните кучиња, се качило на врвот од највисокото дрво на улицата Струма во Карпош 3.

„Се разбира, се случи паника и кај нејзините сопственици Мермина и Хазем, но и кај малото маче. Во немоќ тие се обратија до Општина Карпош за помош. Општината, се разбира, им излезе во пресрет на своите сограѓани и уплашената Аја е повторно во рацете на своите сопственици“, информираат од Општината.