Централна Америка: Најмалку 22 загинати и 30 исчезнати во тропското невреме Нејт

Централна Америка: Најмалку 22 загинати и 30 исчезнати во тропското невреме Нејт

Најмалку 22 лица загинале, а 30 се исчезнати во тропското невреме Нејт што ја зафати централна Америка, соопштија утринава локалните власти.

Невремето настана во четвртокот кај брегот на Никарагва, а сега се движи кон Мексико и брегот на САД. Метеоролозите предупредуваат дека би можело да прерасна во ураган.

Во Костарика е прогласена вонредна состојба, додека во Никарагва домовите на 10.000 луѓе се уништени во поплави и лизгалишта на земјиштето.

Федералното биро на САД за безбедност и заштита на животната средина во Њу Орлеанс соопшти дека нафтените компании почнале да го евакуираат персоналот од платформите во Мексиканскиот Залив.