Циклонот Ава на Мадагаскар однесе шест жртви

Циклонот Ава на Мадагаскар однесе шест жртви
Најмалку шест луѓе загинаа, тројца се повредени, а 13.000 се раселени поради циклонот што го погоди источниот дел на Мадагаскар за време на викендот, соопштија денеска властите.

Тропскиот циклон Ава го погоди источниот брег на Мадагаскар во петокот и саботата, а брзината на ветеровите беше од 140 до 190 километри на час.

Опасноста од циклонот помина, а повлечени се и сите предупредувања.

Во циклонот што во март минатата година го погоди Мадагаскар настрадаа 50 лица, а голема штета беше предизвикана на плантажите со ванила.