Цонга се повлече од Шангај

Цонга се повлече од Шангај

Продолжуваат проблемите со повредите на најдобриот француски тенисер, Жо-Вилфрид Цонга, откако поранешниот финалист од Австралија опен се повлече од мастерс-турнирот во Шангај.

Светскиот број 18, кој загуби од Новак Ѓоковиќ во финалето во 2008 година во Мелбурн, треба да ја предводи Франција во финалето од Дејвис-купот против Белгија следниот месец. Проблемите со повредите го следат од турнирот во Санкт Петербург на средината на септември. Неговиот менаџер потврди дека можен термин за враќање е Виена опен, турнирот кој започнува на 23 октомври.