Црна Гора воведува доброволно служење војска

Црна Гора воведува доброволно служење војска

Законодавниот одбор ќе го разгледува предложениот закон за војска на Црна Гора со кој се воведува доброволно служење на воен рок со оружје.

Предлог-законот владата го утврди на 30 јуни и побара парламентот да го усвои по скратена постапка.

Воената обврска, како што се наведува, е чест, право и должност на црногорските државјани да учествуваат во подготовката за одбрана и да се ангажираат во услови на воена или вонредна состојба, во склад со законот.