Чавушоглу: Анкара е против санкциите кон Русија

Чавушоглу: Анкара е против санкциите кон Русија

Анкара и понатаму е против санкциите кон Русија затоа што тие може негативно да влијаат на турската економија, рече турскиот шеф на дипломатијата, Мевлут Чавушоглу.

„Во минатото Турција претрпе штета како резултат на тие санкции. Санкциите против земјите со кои се граничиме и со кои сме партнери ѝ нанесуваат штета на нашата економија. Тоа е причина поради која не се приклучивме кон санкциите против Русија“, изјави Чавушоглу.

Тој истакна дека Турција бара решение како проблемот да се реши преку дијалог за економијата да не биде погодена.