Челси заинтересиран за Боачи, напаѓачот на Црвена звезда

Челси заинтересиран за Боачи, напаѓачот на Црвена звезда

Скаути на Челси, по налог на менаџерот Антонио Конте, на наредните две средби што Црвена звезда ќе ги одигра против Арсенал во Лига Европа, ќе го следат напаѓачот од Гана, Ричмонд Боачи.

Напаѓачот од Гана на почеткот на годината пристигна во Црвена звезда и со своите партии и голови ги освои срцата на навивачите на белградскиот клуб. Боачи во новата сезона, во Лига Европа, веќе има постигнато осум голa, во второто коло со неговиот гол „црвено-белите“ славеа во Келн.

Боачи (24) го привлече вниманието на неколку европски тимови, а менаџерот на Челси реши да испрати свои скаути да го следат на мечот со Арсенал во Белград (19 октомври).

Конте пред пет години го донесе Боачи во Јувентус, но тој не запиша ниту еден настап за клубот од Торино. Играше како позајмен играч во Сасуоло, Елче, Рода, Латина, а од јануари е во Белград.

Челси бара играч што ќе го наследи Диего Коста, кој се врати во Атлетико Мадрид, а според англиските медиуми, Конте за услугите на Боачи е подготвен да плати 10 милиони фунти. н.ц.