Четирите концерти на Каролина распродадени, закажани се уште три

Четирите концерти на Каролина распродадени, закажани се уште три

Закажаните четири концерти на кои Каролина ќе го промовира новиот албум „Извор“, на 23, 24, 25 и на 26 февруари, се распродадени. Од „Авалон продукција“ информираат дека поради големиот интерес, закажани се три нови, на 1, 2 и 3 март во Македонската опера и балет.

Влезниците се пуштени во продажба по цена од 800 денари преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ во цела Македонија и онлајн. Со секоја купена влезница следува подарок, луксузно дигипак-издание од новиот албум „Извор“, кој ќе може да се подигне по завршувањето на концертите.