Четири годишно девојче почина во Градска од удар на возило

Четири годишно девојче почина во Градска од удар на возило

 

Четири годишно девојче настрада во сообраќајна несреќа. Во него удрило автомобил. Несреќата се случи вчера околу 13.30 часот во Скопје, на ул. „Цветан Димов“

ПМВ „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано Б. Б. (62) од Скопје удрило во четиригодишното девојче од с.Моране.

Во несреќата детето се здобило со тешки телесни повреди по што со друго возило е пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде по укажаната лекарска помош, во 21.30 часот истата починала.

По несреќата Б.Б. е лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Истиот е задржан во ПС Бит Пазар, по што е изведен пред надлежен судија../крај/мф/кс