Чешката влада се огради од говор на претседателот Земан

Чешката влада се огради од говор на претседателот Земан

Чешкиот претседател Милош Земан не добил мандат од владата за својот говор пред Советот на Европа, а тоа што го изговори таму е во спротивност со надворешната политика на земјата, изјави премиерот на Чешка, Бохуслав Соботка.

Суботка, имено, реагираше на вчерашната изјава на Земан дека руската анексија на Крим е свршен чин и дека Русија треба да и исплати на Украина компензација во пари, нафта или гас.