Чикаго остана без Рондо

Чикаго остана без Рондо

Плејмејкерот на Чикаго, Режон Рондо, го скршил палецот за време на вториот меч од четвртфиналната серија против Бостон и најверојатно нема да игра до крајот на сезоната.

Чикаго потврди дека Рондо е повреден, но дека нема да биде потребно тој да замине на операција. Клубот соопшти дека не е познато колкава пауза го очекува Рондо.

Рондо има просек од 11,5 поени, 10 асистенции и 8,5 скокови оваа сезона, а во вториот меч од серијата со Бостон, му недостигаше еден скок за да стане првиот играч на Чикаго од 1997 година, кој во плејофот остварил трипл-дабл.

Чикаго води во серијата со Бостон 2:0, откако успеа да ги добие првите два меча на теренот на противникот. крај/мф/нц