Шангај: Полуфинале и четврто место на АТП за Марин Чилиќ

Шангај: Полуфинале и четврто место на АТП за Марин Чилиќ

Марин Чилиќ се пласира во полуфиналето на мастерс-турнирот во Шангај. Хрватот во два сета го совлада Шпанецот Алберт Рамос Вињолас (6:3, 6:4).

Поранешниот овојувач на Отвореното првенство на САД, Марин Чилиќ, избори полуфинале во Шангај против подобриот од дуелот помеѓу Рафаел Надал и Григор Димитров и воедно од понеделник ќе го има својот најдобар пласман на АТП-листата. Хрватот од понеделник ќе се наоѓа на четвртото место на АТП-листата.

Чилиќ против Рамос Вињолас одигра сигурен меч, направи еден брејк во шестиот гем од првиот сет, а во вториот најпрвин успеа да го врати загубениот сервис, а потоа со нов брејк по 82 минути игра го заврши мечот. н.ц.