Шеесетина компании ќе ги претстават понудите на Саемот за вработување

Шеесетина компании ќе ги претстават понудите на Саемот за вработување

Наредниот месец во Скопје се одржува Саем за вработување, кој има за цел поврзување на понудата и побарувачката на работната сила.

 

На Саемот ќе бидат присутни над 60 компании. Покрај во Скопје, во текот на наредните триесеттина дена ќе се реализираат уште шест вакви настани во неколку градови низ државата.

 

„Овој настан ќе ни овозможи сознанија за занимањата кои се барани од страна на работодавачите, со што младите луѓе ќе можат да се насочат во вистинска насока за нивно полесно вработување по завршување на образовниот процес. Работодавачите имаат можност да ја презентираат својата дејност, производи и услуги и да остварат контакти со голем број невработени лица. Од друга страна, посетителите на Саемот имаат можност да се запознаат со компаниите, да остварат контакт за пракса или да остават своја биографија“, рече министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими.

 

„Намалувањето на невработеноста покажува позитивните ефекти од реализацијата на политиките за вработување, преку  странски  инвестиции, креирање работни места од домашните компании, како и преку проектот Македонија вработува 1 и 2“, додава Ибрахими

 

Посебен акцент е ставен на вработувањето на младите лица, кои се дел и од

проектите Македонија вработува 1 и 2.

 

„Ова е трет циклус на вакви саеми за вработување. Смета дека настани од ваков вид семногу важни за младите да дознаат кои професии се барани и така да го насочат своето образование“, рече директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски.

крај/мф/ем