(Видео) Шилегов: Бадниковите поворки се граѓанска иницијатива, нема злоупотреба на деца за религиозни цели

(Видео) Шилегов: Бадниковите поворки се граѓанска иницијатива, нема злоупотреба на деца за религиозни цели

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, откако вчера во Соборниот храм присуствуваше на свечената манифестација по повод Бадник, денес, по свечената литургија, тој го честита Божиќ на сите православни верници и посака здравје, среќа и мир.

„Очекувам оваа година и ние кои сме избрани да работиме на подобрување на квалитетот на животот на луѓето, во целост ќе ги исполниме нивните очекувања. 2018 година е година во која што политички ќе ја стабилизираме земјата, за да ги исполниме ветувањата од изборната кампања“, рече Шилегов

Според Шилегов, граѓанската иницијатива Бадникарски поворки не направила злоупотреба на децата кои учествувале, бидејќи таа иницијатива потекнувала од родителите на децата. Градот Скопје само помогнал со превоз за децата.

K. Ландов