(ВИДЕО) Шилегов: ДПМНЕ да ја смени реториката со која сака да направи инцидент во Собранието

(ВИДЕО) Шилегов: ДПМНЕ да ја смени реториката со која сака да направи инцидент во Собранието

„Преку обид да го блокираат Собранието пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сакаат да го прекинат процесот за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски“, рече Петре Шилегов, пратеник од СДСМ.

„Тие се нервозни поради судските процеси што ги очекуваат и им препорачуваме да ја сменат реториката со која се обидуваат да направат инцидент во Собранието“, вели Шилегов.

Според него, единствената цел на блокадата што ја прават пратениците на ДПМНЕ е бранење на криминалот на Груевски, но и покрај обидите, Зврлевски ќе биде разрешен и никој нема да му помогне на ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со листите за кандидати на локалните избори, Шилегов изјави дека сѐ уште се анализира и е сѐ процес на подготовки.

„СДСМ со досегашната работа има лице да ја побара поддршката од граѓаните“, додаде Шилегов.