Шилегов: СДСМ ќе преговара со сите партии што дадоа потписи, а влада ќе има скоро

Шилегов: СДСМ ќе преговара со сите партии што дадоа потписи, а влада ќе има скоро

СДСМ е отворена и ќе се преговара со сите партии чии пратеници ги дадоа потписите за сочинување на парламентарното мнозинство. Ќе преговараме и со Беса и со Алијанса и очекувам час поскоро да завршат преговорите. Нема да чекаме 20 дена колку што е законскиот рок.

Ова во петок, одговарајќи на новинарски прашања, го изјави Петре Шилегов од СДСМ.

Тој рече дека сè уште е рано за некаков конкретен договор помеѓу коалициските партнери и не даде конкретни информации колку ресори ќе има СДСМ, а колку другите партии.

На прес-конференцијата Шилегов најави и изградба на нов Клинички универзитетски центар, при што постапката за изградба ќе биде транспарентна. Тој додаде дека претходно ќе има ревизија во однос на процедурата за Клинички центар спроведена од Никола Тодоров.

„Ќе следи одговорност за сите неправилности што ги направи власта во заминување“,додаде Шилегов. /крај/гдм