Шишакерев и наредната сезона ќе игра во Вардар

Шишакерев и наредната сезона ќе игра во Вардар

Рускиот ракометен репрезентативец Данаил Шишкарев и во наредната сезона ќе го носи дресот на македонскиот шампион Вардар, објави клубот на официјалната интернет страница.

Шишкарев го носи дресот на Вардар од 2014 година. Со „црвено-црните“ има освоено две титули во првенството и две во СЕХА лигата.

Рускиот репрезентативец на 3 и 4 јуни ќе биде дел од екипата која ќе настапи на завршниот турнир во Лигата на шампионите. крај/мф/нц