Што ќе се случи ако ги уништиме сите комарци?

Што ќе се случи ако ги уништиме сите комарци?

 

Неодамна Бил Гејтс ги именуваше комарците како “најсмртоносни организми на светот” поради постојаното ширење на опасни болести, како на пример маларијата, која само во 2015 година убила околу 430.000 луѓе.

Околу половината од населението на светот живее во ризик од зараза, вели Светската здравствена организација, цитирана од “Ју Ес Еј тудеј”. Во зависност од тоа на  која точка на планетата се наоѓаме, комарците можат да бидат или најобичен причинител за разни дразби или постојана закана за животот.

Тоа не доведува до прашањето: Што ќе се случи ако ги уништиме? Научниците не го знаат овој одговор, но некои од нив имаат познати претпоставки. На Земјата постојат повеќе од 3.500 вида комарци, но мал дел влијаат на нашето здравје.

Особено опасни се Anopheles gambiae кои предизвикуваат маларија и Aedes aegypti, кои се виновни за појавата на жолта треска и Зика.  Затоа мислиме дека треба да завршиме со нив, односно да ги истребиме со хемиски средства и така да се намали бројот на смртните случаи, посочува Камерон Веб, експерт од Сиднеј.

Но, тоа е лошо мислењ вели е Веб, кој посочува дека нивното целосно исчезнување може да има индиректни последици. Синџирот на исхрана најверојатно ќе биде прекинат. Тие се клучен извор на храна за риби, птици, гуштери, жаби, лилјаци и други животни.крај/мф