Шулц поднесе оставка од местото лидер на СПД

Шулц поднесе оставка од местото лидер на СПД

Лидерот на германската СПД, Мартин Шулц, соопшти дека се повлекува од функцијата и дека таа одлука веднаш ќе стапи на сила. Тој оцени дека е време за обнова на партијата.

Шулц на новинарите им рече дека раководството на СПД еднострано ја именувало претседателката на пратеничката група, Андреа Налес, за негов наследник.

Именувањето на Налес, сепак ќе мора да го одобри конгресот на партијата на 22 април, рече Шулц.

Потегот беше очекуван, откао Шулц под притисок на неговата партија, се откажа од планот да дојде на местото министер за надворешни работи, во новата коалициска Влада на СДП и конзервативците на канцеларката Ангела Меркел.