Ѓоковиќ се врати со победа во Мелбурн

Ѓоковиќ се врати со победа во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ му се врати на тенисот по пауза од шест месеци и во два сета го победи Австриецот Доминик Тим, во егзибицискиот меч на Кујонг класик во Мелбурн.

Некогаш најдобриот тенисер во светот го победи Тим по 64 минути игра со 6:1, 6:4. Ѓоковиќ одигра мошне сигурен прв сет, во кој на противникот му дозволи да освои само еден гем.

Србинот добро сервираше, во вториот сет при резултат 4:4 спаси неколку брејк топки и на крајот заслужено победи.

„Ова е ми е прв меч во кариерата на кој играм со ‘ракав’. Крадам тајни од Кирјос и се обидувам да сервирам што е можно подобро“, рекол Ѓокович.

„Направив сè за да ја залечам повредата. Минаа шест месеци од мојот последен меч. Ова не е официјален турнир, но ние игравме, а и понатаму играме на резултат. Благодарност до поубликата, сјајно е што се вратив“, рекол Ѓоковиќ.