Ѓоко Поповски на обвинителна клупа за набавка на полициски возила

Ѓоко Поповски на обвинителна клупа за набавка на полициски возила

Почнува судењето за Ѓоко Поповски, поранешниот помошник на министерот во МВР, во предметот на СЈО познат како „Триста“ за злоупотреби со набавката на 300 возила за потребите на полицијата. Тимот на Јанева за него бараше, но не доби притвор. Одземен му е само пасошот, а мора еднаш во неделата да се јавува во судот.

Специјалното јавно обвинителство на 26 мај од судот побара замрзнување на недвижен и движен имот на првообвинетиот во случајот „Триста“, откако оштетено лице пријавило имотно-правно побарување. Кривичниот совет го усвои предлогот на СЈО. Апелациониот суд одлучи во предмет бомбите да бидат доказ во постапката. Предметот го суди Лидија Петровска.

В. М.