Ѓорческа испадна од турнирот во Кјасо

Ѓорческа испадна од турнирот во Кјасо

Лина Ѓорческа, најдобрата македонска тенисерка, не успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучерс турнирот во Кјасо, Швајцарија.

Катинка вон Дихман успеа да ја совлада Ѓорческа во четвртфиналето во три сета 6:3, 0:6, 6:2.

Македонската тенисерка ќе остане во Кјасо, бидејќи со Бугарката Најденова ќе се борат за пласман во финалето против француско-швајцарската двојка Жорже-Сињо.

Турнирот во Кјасо се игра за награден фонд од 25.000 долари. крај/мф/нц