Јагланд: Некои европски закони од мигрантите прават криминалци

Јагланд: Некои европски закони од мигрантите прават криминалци

Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, изјави денеска дека законите во некои европски земји ги спречуваат децата мигранти  да се поврзат со нивните семејства или ги принудуваат да побегнат, создавајќи “голем ризик за безбедноста”, бидејќи тие можат да се вовлечат во кривични дела или екстремизам.

 

Јагланд  за „Асошиетед прес“ изјави дека рестриктивните закони ги принудуваат  младите мигранти кои се плашат за својата иднина да бегаат, со што се изложени на трговците со луѓе кои ги вовлекуваат во криминал или проституција.крај/мф