Јанкулоска: Се сомневам во вештачењата на СЈО

Јанкулоска: Се сомневам во вештачењата на СЈО

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, пред судот рече дека се сомнева во вештачењата на СЈО во предметот „Тенк“ зашто управител на фирмата што ги вршела вештачењата е Димитар Бузлески, а вештак е Тале Герамитчиоски, кои вршеле високи политички функции во СДСМ, партија што е директен политички опонент на ВМРО-ДПМНЕ.

Јанкулоска се пожали дека немале можност да присуствуваат со техничко лице на вештачењата и да даваат забелешки на записникот на вештаците. Станува збор за економско-финансиско и за сообраќајно-техничко вештачење.

Во предметот „Тенк“ обвинети се експремиерот Никола Груевски, Јанкулоска и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600 илјади евра. Адвокатот на Поповски денеска побара да му се спојат постапките за „Триста“ за набавка на возила во МВР и за „Тенк“.

В. М.