Јапонци измислија сладолед што не се топи

Јапонци измислија сладолед што не се топи

Група истражувачи од Јапонија измислија сладолед што не се топи. Важна состојка на ваковиот сладолед е полифенолот, екстракт од јагоди.

На ова му претходеа напори да се помогне на засадите на јагоди во случај да дојде до природни катастрофи.

Истражувачите замолиле еден готвач да експериментира со екстрактот од јагоди.

Кога тој им се пожалил дека слатката павлака се стврднува кога во неа додава полифенол, тие сфатиле дека маслото и водата поради полифенолната течност не можат да се разложат, па благодарение на таа состојка направиле сладолед што не се топи.

Јапонски новинари експериментирале со сладоледот и го чувале на сонце на температура од 28 степени, но тој и по три часа, не се стопил.

Производството на сладоледот кој не се топи веќе почна во Јапонија и чини 4,5 долари.