ЈСП ќе потроши близу 900 илјади евра за привремени вработувања

ЈСП ќе потроши близу 900 илјади евра за привремени вработувања

За вредност од 54 милиони и 750 илјади денари без ДДВ, или околу 890 илјади евра, ЈСП Скопје и ЈСП ТУРС на Бирото за јавни набавки објавија оглас за привремени вработувања во претпријатието. Времетраењето на договорот е 12 месеци.

Критериум за доделување на договорот е најниската цена. Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Понудите може да се достават најдоцна до 19 јуни.

Директорот на ЈСП, Игор Јанушев, за Макфакс изјави дека не станува збор за нови вработувања, туку дека ангажманот кој се бара преку Агенцијата е поврзан со потребите на ЈСП за регулирање на вработувањето за постојните кадри кои веќе се ангажирани, а на кои во јули им истекува договорот.

 

Мф/ВМ