Јужна Кореја испраќа хуманитарна помош за Северна Кореја?

Јужна Кореја испраќа хуманитарна помош за Северна Кореја?

Владата во Сеул разгледува можност за испраќање хуманитарна помош на Северна Кореја во вредност од осум милиони долари преку меѓународни организации, пренесе државната јужнокорејска агенција „Јонхап“.

Јужна Кореја планира да одржи состанок за меѓукорејска соработка за да одлучи дали да понуди хуманитарна помош на оние кои се загрозени во Северна Кореја, соопшти Министерството за обединување на Јужна Кореја.

Сеул ја суспендираше помошта за Пјонгјанг преку Обединетите нации, по нуклеарните и ракетни тестирања на Северна Кореја во 2016 година. Сега Министерството во Сеул предлага да се издвојат 4,5 милиони долари за децата и бремените жени во Северна Кореја, преку Светската програма на ОН за храна, а преостанатите 3,5 милиони долари да се донираат преку „УНИЦЕФ“.

„Основниот став на владата е дека треба да се продолжи со хуманитарната помош за загрозените групи во Северна Кореја без оглед на политичката ситуација“, изјавил владин претставник.