МАКФАКС

Јужносудански бегалци држат во заложништво 13 припадници на ОН

Јужносудански бегалци држат во заложништво 13 припадници на ОН
18.04.2017, 21:26

Стотина невооружени бегалци од Јужен Судан во источно Конго земаа во вторник за заложници 13 вработени во Обединетите нации(ОН) и бараат да бидат превезени во трета земја, објави претставник на ОН.

Повеќето бегалци се поранешни борци лојални на поранешниот потпретседател, кој е во конфликт со силите на претседателот Салва Кира од јули 2016 година.

ОН проценува дека околу три милиони Јужни Суданци побегнале заради насилствата во својата земја, што е најголем граничен егзодус во Африка по геноцидот во Руанда. /крај/хн/ст

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *