Јункер: Ако се одвои Каталонија, ќе бараат и други

Јункер: Ако се одвои Каталонија, ќе бараат и други

Многу сум загрижен поради сепаратистичките тенденции во Европа, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. Тој истакна дека не сака Каталонија да стане независна бидејќи тоа би охрабрило и други региони да го сторат истото поради што управувањето со ЕУ би станало премногу комплицирано.

„Ако дозволиме Каталонија да се одвои, тоа ќе го направат и други. Не го сакаме тоа“, рече Јункер во говор на луксембуршкиот универзитет.

Јункер нагласил дека е многу загрижен поради сепаратистичките тенденции во Европа и упати охрабрување до шпанскиот претседател Маријано Рахој да осигури ставање на ситуацијата под контрола.

Во врска со каталонските повици до ЕУ да биде посредник, Јункер рекол дека Европската комисија не може да посредува ако само една страна го бара тоа од неа.