(ВИДЕО) Јункер: ЕУ да им понуди кредибилна перспектива на членство на земјите од Западен Балкан

(ВИДЕО) Јункер: ЕУ да им понуди кредибилна перспектива на членство на земјите од Западен Балкан

Јункер ја повика ЕУ да им пружи на земјите од Западен Балкан кредибилна перспектива на членство и додаде дека во иднина, ЕУ ќе има повеќе од 27 земји членки.

„Доколку сакаме постабилно судство мораме да понудиме кредибилна перспективана на проширување со земјите од Западен Балкан. За време на мандатот на ЕК и на Европскиот парламент нема да има нови проширувања, бидејќи условите за прием не се исполнети. Но, во иднина, ЕУ ќе има повеќе од 27 членки“ порача Јункер пред пратениците на Европскиот парламент во Стразбур.

Јункер во своето годишно обраќање за состојбата на Унијата, рече дека ЕУ во последните години ја повратила довербата во себе.

„Ја вративме Европа во Унијата и Унијата во Европа“ порача Јункер пред пратениците на Европскиот парламен во Стразбур.

Тој рече дека Европа станува се пообединетa, и дека добива на економска сила по одлуката на Британија да излезе од тој блок.

„Сите земји кандидати мора да дадат апсолутен приоритет на почитувањето на владеењето на правото, правдата и основните права“, порача претседателот на Еврокомисијата.

Претседателот на ЕК укажа дека Европа сега има прозор на можности, но предупреди дека тој нема засекогаш да остане отворен. Наведе пет области на кои Европската комисија ќе се фокусира во преостанатите 16 месеци од својот мандат: засилување на трговската програма на ЕУ, нова индустриска стратегија, борба против климатските промени, работа на прашањето миграција.

Тој додаде и дека владините права во случајот со сите земји кои се наоѓаат во процесот на пристапување, се приоритет и фокус во пристапните преговори.

„Тоа го исклучува приемот на Турција во блиска иднина“ заклучи Јункер.