Љубоморен маж ја нападнал сопругата оти се сомневал дека го изневерува

Љубоморен маж ја нападнал сопругата оти се сомневал дека го изневерува

Сопругот ѝ се нафрлил на сопругата со тупаници додека спиела во семејниот дом обвинувајќи ја за наводна љубовна врска.

А.Д.(37) од Скопје пријавила дека ноќеска околу 00:30 часот, додека спиела во семејниот дом, нејзиниот сопруг А.Д. (41), обвинувајќи ја за наводна љубовна врска, се нафрлил врз неа удирајќи ја со тупаници по главата и телото.

Откако жената успеала да се ослободи од сопругот, си заминала кај нејзините родители, а потоа пријавила во полиција. Бидејќи не се чувствувала добро, побарала лекарска помош во Градската општа болница „8 Септември“.

Нападнатата жена посочила дека сопругот и претходно ја малтретирал, но дека истата досега не го пријавувала.