Ќе се транспортира отпадот од депонијата во Струга

Ќе се транспортира отпадот од депонијата во Струга

За привремено решавање на проблемот со депонијата во Струга, Владата на Република Македонија донесе одлука да издвои 12.000.000 денари од резервите на буџетот за да бидат наменети за компресирање и транспорт на сметот од депонијата во Струга на друга локација.

Депонијата во Струга ја крена на нозе јавноста во овој град, со оглед на тоа дека, од сè уште непотврдени причини, гори од средината на јуни. Таа беше повод за обвинувања од опозицијата дека Владата не е способна да се справи со овој проблем во туристички град во земјата.

Премиерот Заев неодамна изјави дека станува збор или за намерно палење или за некаков спој на отпадни материи кои предизвикуваат пожар во депонијата.

Депонијата е одалечена само 500 метри од градот.