Џафери: Се уште чекам од Иванов да ги номинира имињата на уставните судии

Џафери: Се уште чекам од Иванов да ги номинира имињата на уставните судии

 

Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите рече дека стапил во контакт со кабинетот на Иванов во врска со номинирањето на двајцата судии во Уставниот суд, но од таму се уште нема одговор кога ќе бидат доставени имињата.

„Не сум потсетник, секој ден да го барам да го направи тоа.Тие знаат како оди процедурата.Кога ќе ги добијам имињата, ќе ја закажам оваа точка“, рече Џафери.

Инаку, новите уставни судии треба да гио пополнат местата на Наташе Габер – Дамјановска и Гзиме Старова на кои во октомври им истече мандатот од девет години.