Џулија Робертс повторно во Белград

Џулија Робертс повторно во Белград

Оскаровката Џулија Робертс вчера повторно била забележана во Белград, во истиот ресторан во кој била и при нејзината прва посета на српската престолнина во јули годинава.

Актерката, која за улогата на Ерин Брокович во 2001 година освои Оскар за најдобра женска улога, во локалниот ресторан пиела капучино во друштво на еден од нејзините синови, дознава „Новости“.

Џулија Роберт престојува во Белград затоа што нејзиниот сопруг Даниел Модер веќе еден месец е ангажиран како директор на фотографија на снимањето на филмот „Ибица“.

Екипата на оваа романтична комедија, во Белград пронашла локации кои во филмот ќе бидат претставени како Барселона.

Утре екипата ќе отпатува во Сплит, а брегот на Јадранското Море во филмот ќе ги „глуми“ пределите на познатиот шпански остров Ибица.