МАКФАКС

Џулија Робертс по петти пат избрана за најубава жена на светот

Џулија Робертс по петти пат избрана за најубава жена на светот
19.04.2017, 16:39

Занимливост

Лос Анџелес, 19.04.2017 (Макфакс) – Американскиот магазин „Пипл“ ја прогласи глумицата Џулија Робертс за најубава жена на светот за оваа година, што е рекорден петти пат за неа да ја добие оваа титула.

49-годишната глумица досега ја освоила титулата за најубава жена на светот за 2010-та, 2005-та, 2000-та и 1991-ва година. Џулија Робертс, која е добитничка на Оскар за улогата во филмот Ерин Брокович во 2000-та година, изјави дека е многу поласкана со титулата.

Магазинот „Пипл“ по 28-ми пат именува најубави луѓе на светот, а новиот број со глумицата на насловната страна ќе биде во продажба во петок. крај/мф

Американскиот магазин „Пипл“ ја прогласи глумицата Џулија Робертс за најубава жена на светот за оваа година, што е рекорден петти пат за неа да ја добие оваа титула.

49-годишната глумица досега ја освоила титулата за најубава жена на светот за 2010-та, 2005-та, 2000-та и 1991-ва година. Џулија Робертс, која е добитничка на Оскар за улогата во филмот Ерин Брокович во 2000-та година, изјави дека е многу поласкана со титулата.

Магазинот „Пипл“ по 28-ми пат именува најубави луѓе на светот, а новиот број со глумицата на насловната страна ќе биде во продажба во петок.крај/мф

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *