Контакт

Daily news

Анализа: Македонците и овој пат не успеаја да влезат во парламентот на Албанија

Објавено пред

Единствената партија на Македонците во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) не успеа да обезбеди пратенички мандат и во новиот албански парламент. Македонската партија на изборите настапи со свој кандидат на листата на Движењето за социјалистичка интеграција, ЛСИ, чиј поранешен лидер е новоизбраниот претседател Илир Мета.

dobivaj vesti na viber

Единствен кандидат беше Васил Стерјовски, генерален секретар на партијата и познат активист за правата на Македонците, кој беше на кандидатската листа на ЛСИ во изборна единица Корча. Партијата за која настапуваше Штерјоски освои само еден мандат, кој му припадна на носителот на листата. Ако се знае дека и на претходните избори движењето на Илир Мата на истата изборна единица освои само еден мандат, тогаш и не можеше да се очекува повеќе.

 

Во оваа изборната едница, во Корча се избраат 11 пратеници. Конечната распределба е 6 мандати за Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама, 4 за ДП на Љуљзим Башаи едно за движењето ЛСИ.

„ Бидејќи се наоѓав на петтото место на кандидатската листа, ако се спореди и со претходното искуство, однапред се знаеше дека ќе биде многу тешко да се влезе во парламентот. Се покажа дека, и овојпат Македонците се поделија, па на место да гласаат за Македонец, тие гласаа за албанските партии. Сепак, настапот не беше песполезен, затоа што ние се боревме, согласно договорот што ги имавме со Илир Мета, за економски развој и интеграција во албанското општество“, вели за Макфах, Васил Стерјовски.

На изборите од неделата, се натпреваруваа вкупно 18 политички субјекти, за влез во албанското национално собрание.

На кандидатските листи беа и тројца етнички Македонци. Македонците, се понадеваа дека со Стерјовски, конечно, ќе го добијат првиот пратеник предложен од македонската партија, преку листата на Движењето за социјалистичка интеграција, на албанскиот претседател Илир Мата.

На листата на оваа партија, за изборната единица Корча, имаше уште еден Македонец, Ефтим Митре од селото Глобочани, општина Пустец.

Во истата изборна единица, за влез во парламентот се тркаше и Македонката Едлира Доневски, по потекло од Мала Преспа, а живее во Корча. Таа, настапи како формален член,  на кадидатската листа на Социјалитичката партија на актуелниот премиер Еди Рама, но не беше на добитна позиција.

На кандидатските листи на опозициската Демократската партија, основана од поранешниот претседател и премиер Сали Бериша, сега предводена од Љуљзим Баша, немаше ниту еден кандидат Македонец.

На претходните парламентарни избори во Албанија, кандидат за пратеник, но, тогаш, како носител на посебна листа на МАЕИ во Корча, беше Валентина Нестoр, лектор по македонски јазик на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана. Не успеа да влезе во парламентот, иако и беа потребни 3.500 гласови. Тогаш професорката Нестор, причината ја виде во фактот што во регионот на Корча, не е направено речиси ништо за Македонците во Албанија.

Исто така, МАЕИ е нова партија, која во последните неколку години, на избори учествуваше тогаш по вторпат, годинава – по трет пат, додека албанските партии дејствуваат низ македонските предели со децении, а тие ограноци се со македонски претставници, кои работат за интересите на овие партии и не поаѓаат од националниот аспект и севкупниот интерес на македонската нација.

Професорката Нестор, додава натаму, дека самиот македонски политички фактор не беше и не е доволно обединет и не работеше за една заедничка мисија. Добар дел од Македонците, кои се претставуваат низ Македонија како силни активисти за правата на Македонците во Албанија, се членови на големите албански партии. Сакаат да дејствуваат само преку друштва, а не преку политичка партија. На таков начин користат проекти од македонската Влада, а немаат никаква одговорност околу барањето на своите права овде, во земјата каде живееме.

На поделеноста на Македонците, која се покажа и овој пат, укажува и Васил Стерјовски. Тие наместо да гласаат за Македонец, гласаа за албанските партии.

Иако не може да се прави стриктна споредба, со времето од пред 4 години, бидејќи тогашниот кандидат-Македонец, беше носител на листа, а сега Македонците, практично гласаа за листата на ЛСИ, сепак, може да се извлече некаков заклучок. А тој произлегува од конечните резултати, на пример, во општина Пустец, исклучиво населена со етнички Македонци. Таму, ЛСИ со Илир Мета, навистина освои најповеќе – 809 гласови,  но, за жал, речиси исто со Социјалистите на Еди Рама –  788 гласови, додека Демократите на Љуљзим Баша – 516. Самиот Стерјовски не го освои мнозинството гласови и во родното село Горна Горица.

Тоа што Илир Мета, доби највеќе гласови мегу Македонците, засега е добивка за него, но не и за нив. Останува да се види, што натаму ќе донесе соработката со новоизбраниот албански претседател. Тој однапред вети дека ќе внесе Македонци во неговиот претседателски Кабинет, а даваше и многу коректни изјави за Македонците во Албанија, но и за нивната матична држава – Република Македонија.

Познавачите на состојбите оценуваат дека при таков настап, однапред се знаеше реалноста. Македонците гласаа за листа на партија, односно движење, кое, како што се проценуваше, нема ни теоретска шанса за повеќе од еден пратеник. Претпоставка е дека тоа го знаеле и Македонците, со добиеното петто место, но, прашање е дали и  на другите листи, ќе добиеја повластена и гарантирана позиција, што го докажува случајот со Едлира Доневски, на листата на Социјалистите на Рама.

Како и да е Македонците, треба добро да размислат, да се преструктуираат во политичкото делување, да си ги надминат противречностите и слабостите внатре во единствената политичка партија – МАЕИ и во иднина, откако ќе успеат да се сплотат и обединат, да настапуваат во коалиции, ама со своја листа. Вака, без коалиции, едноставно секој сам се натпреварува. Од похрабрите и критички настроените Македонци, можеше да се слушне и оваа оценка: Нашата партија ја нема на овие избори, нема коалиции, нашата партија настапува на листата на ЛСИ!? За тоа им е потребно, можеби и кадровско освежување, бидејќи низ последните три изборни циклуси ги води исто раководство, што се отсликува и во водењето на единствената општина на Македонците – Пустец.

Веле Митаноски

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија2 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија2 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија2 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија7 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија7 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија8 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија10 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија12 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет13 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет13 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија13 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија14 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет14 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет14 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет14 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија24 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија24 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија24 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија1 ден

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...