Контакт

Фени

Анѓушев ги охрабри транспортерите и „Џи Сол“ да се договорат за рестартирање на „Фени“

Објавено пред

Владата не се меша во должничко-доверителски односи помеѓу приватните субјекти, истакнал заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој денеска оствари средба со транспортерите на „Фени индустри“, претставниците на „Нова логистик“ и на компанијата „Џи Сол“.

dobivaj vesti na viber

Од Кабинетот на Анѓушев соопштија дека тој ги охрабрил присутните да најдат меѓусебно решение во однос на динамиката на покривањето на заостанатите долгови со цел да се овозможи побрзо рестартирање на фабриката.

Транспортерите пред Анѓушев ги образложиле причините поради кои протестираат и побарале сите заостанати долгови што „Фени индустри“ ги има кон „Нова логистик“, а таа кон транспортните компании, да бидат покриени од новиот потенцијален сопственик.

Два дена по ред на патот Градско-Прилеп транспортерите ги паркираат камионите во знак на револт од тоа што не им се исплатени долговите во висина од 4 милиони евра што им ги должи фирмата „Нова логистик“, на која, пак, ѝ должи „Фени“. Од швајцарската компанија закупец на „Фени“ велат дека им предложиле на транспортерите авансно да им плаќаат за услугите сè додека фабриката не добие сопственик, а во велешкиот суд тече стечајната постапка преку која се бара сопственик на фабриката кој ќе ја добие и обврската да ги врати сите долгови. Банките доверители на „Фени“ и стечајниот управник имаат рок до втората половина на март да подготват планови за реорганизација на комбинатот.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Анѓушев: „Фени“ е првиот успешен стечај

Објавено пред

„Фени индистри“ е првата успешно решена стечајна постапка во Република Македонија, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, по завршувањето на првиот македонско-бугарски бизнис-форум „Македонија – Бугарија 2019“.

dobivaj vesti na viber

Одговарајќи на новинарско прашање, Анѓушев подвлече дека стечајот на „Фени индистри“ завршил успешно со целосно исплатени доверители, и е пример за компанија која и во активен стечај продолжи да работи.

„Практично вчера или завчера судот ја затвори стечајната постапка и се надевам дека ‘Фени индистри’ ќе има сериозен придонес во економијата на нашата земја. Новите сопственици најавуваат и отворање на втората линија којашто би го дуплирала производството во ‘Фени индистри’, а тоа ќе значи и дуплирање на приходот на компанијата, односно на нивната економска активност, зголемување на бројот на вработени, а секако значи и значително учество во БДП на Република Македонија. Јас очекувам дека тоа ќе биде една стабилна компанија. Од тоа што јас го имам како информација, веќе од денеска просечните плати во Фени се над 500 евра, што е ветување на Владата кое практично таму почнува да функционира“, истакна Анѓушев.

Прикажи повеќе...

Економија

И официјално заврши стечајот за „Фени“, апелација ги одби жалбите

Објавено пред

Судот во Велес денес соопшти дека е правосилно одобрен планот за реорганизација на „Фени индустри“ од Кавадарци со што и официјално заврши стечајната постапка за комбинатот низ која се бараше и нов инвеститор. Одобрен е планот на ГСОЛ, досегашниот закупец на комбинатот. Планот вторпат беше обжален на апелација од дел од доверителите.

dobivaj vesti na viber

„Апелациониот суд Скопје го потврди решението на Основниот суд Велес со кое се одобрува планот за реорганизација на стечајниот должник Друштво за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги ‘Фени индустри АД Кавадарци’ – во стечај. Врз основа на наведеното, решението на Основен суд Велес за одобрување на планот за реорганизација на стечајниот должник е правосилно и претставува извршна исправа согласно со одредбите од Законот за стечај“, соопшти Основниот суд Велес.

Стечајот за „Фени“ беше отворен на крајот на 2018 година поради натрупани долгови од над 60 милиони евра, а низ стечајната постапка се бараше инвеститор што ќе ги покрие долговите и ќе понуди план за реорганизација на комбинатот без негово затворање. ГСОЛ понуди план, ги исплати долговите и ги задржа на работа вработените кои и покрај стечајот земаа плата, а од март лани беше рестартирано и производството.

Прикажи повеќе...

Истражувања

Се појави крунски доказ дека „Кунико“ го планирал стечајот на „Фени“

Објавено пред

По веста пред 6 месеци дека поранешниот сопственик на „Фени“ – „Кунико ресурсис“ (Cunico Resources) тужи 9 фирми и 4 физички лица за заговор со кој им е одземен „Фени“, „Макфакс“ дојде до документ презентиран во судот во Холандија, кој е крунски доказ дека „Кунико“ плански го одвел „Фени“ во стечај. Станува збор за финансиска анализа на „Кунико ресурсис“ подготвена од менаџерскиот тим на „Кунико“ на 13 јуни 2017 година, а наменета за Собранието на акционерите. Во анализата јасно стои дека без финансиска помош од акционерите, за „Фени“ банкротот е неизбежен. Во документот пишува дека поради неплаќање на долговите, веќе во јули 2017 се очекува доверителите да почнат стечајна постапка.

dobivaj vesti na viber

„’Кунико груп’ ќе го остави ‘Фени’ и други делови на Групацијата без финансиска помош. Во овој случај ‘Фени’ ќе има акумулирано критична маса на достасани долгови до јули 2017 година. Нашата процена е дека секој обид да се реструктуира компанијата и да се направат договори за отплата нема да бидат успешни без финансиска поддршка од акционерите од ‘Кунико’ и поради тоа не може да се покаже разумна перспектива за компанијата. Поради тоа, повеќе од јасно е дека некој од кредиторите ќе поведе стечајна постапка или тоа само треба да го направи менаџментот на “Фени’“, се наведува во анализата.

„Кунико“ во извештајот ги предвидел сите можни сценарија за „Фени“, која е означена како најпроблематична компанија и донесен е заклучок дека ако оди во стечај, може да се спаси целата групација. Како дополнително ‘спасувачко’ сценарио е тоа да се случи и со „Њу ко фероникели“ во Косово.

„Од денешна перспектива овој план е спроведен и во пракса: ‘Фени’ отиде во стечај, а ‘Њу ко фероникели’ неколку месеци подоцна исто така доби нов сопственик. Оваа анализа е целосно спротивна на наводите на ‘Кунико’ дека постоел заговор за носење на ‘Фени’ во стечај. Очигледно заговорот го направил самиот ‘Кунико’, свесен за последиците“, велат вработени во комбинатот.

Финансиската анализа на „Кунико ресурсис“, подготвена пет месеци пред стечајот, покажува дека без финансиска помош од акционерите, за „Фени“ банкротот е неизбежен

Анализата, која лани била строго доверлив документ, покажува дека „Кунико“ се грижел неговите компании да не ги исплатат долговите кон „Фени“.

„’Фени’ има побарувања од компании на Групацијата Кунико, и тоа 6,2 милиони американски долари од ‘Фероникели’, 11,8 милиони американски долари од ‘Кунико маркетинг’, 21,1 милион американски долари од ‘Кунико ресурсис’ и 1,1 милион американски долари од ‘Гуаксилан’. Има опасност ако Групацијата Кунико изгуби контрола врз ‘Фени’, стечајната управа да ги бара овие средства од компаниите. Во моментот го испитуваме потеклото на побарувањата и размислуваме да ги отпишеме ако се покаже дека нема соодветно објаснување“, стои во анализата.

Токму за незаконскиот отпис на долгови минатата година кривични пријави против менаџментот на „Кунико ресурсис“ поднесе Управата за финансиска полиција. Пред нецел месец тужба и кривични пријави против „Кунико ресурсис“, „Кунико маркетинг“, Јусуф Мирахмедов, Маниш Агарвал и Бранко Колев поднесе и стечајниот управник на „Фени“. Според кривичната пријава, која ја потврди Јавното обвинителство во Велес, пријавените се товарат за злосторничко здружување, злоупотреба на службената должност, но и фалсификување документи со кои е извршен незаконскиот отпис на 51 милион американски долари долг кон „Фени“. Веќе е утрвдено дека претходното раководство правело лажно датирање документи за да послужат за незаконскиот отпис.

Пред повеќе од една година беше обелоденето и дека ИМР (International Mineral Resources) со судска одлука од Холандија стекнал сопственост врз Групацијата Кунико ресурсис под услов да инвестираат 66,5 милиони американски долари, од кои, според кажувањата на вработените, никогаш ни долар не стигнал до „Фени“.
Стечајот на „Фени“ е заглавен и покрај планиот за реорганизација доставен од ГСОЛ, кој веќе двапати е изгласан на Собранието на доверителите со над 95 отсто поддршка. Жалби поднесуваат токму „Кунико ресурсис“ и „Кунико маркетинг“.

Од последниот протест на вработените во „Фени“ пред судот во Велес

Вработените на „Фени“ на секое рочиште протестираа и испраќаа порака да се стави крај на стечајот за кој велат дека ја загрозува нивната егзистенција.

На потег е Апелациониот суд во Скопје, кој треба да ја разгледа последната жалаба од „Кунико“. Од таа одлука зависи дали ќе заврши стечајната постапка за „Фени“, која почна лани во ноември.

„Кунко ресурсис“ беше недостапен за коментар на финансиската анализа, која од строго доверлив документ стана јавна тајна.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Ванковска: Преспанскиот и Бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет49 минути

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет1 час

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско каде мостот Френсис...

Македонија1 час

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион1 час

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет2 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет2 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија16 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија17 часа

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија19 часа

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија20 часа

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија20 часа

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија22 часа

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет1 ден

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион1 ден

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...

Македонија1 ден

СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје,...

Регион1 ден

Трае потрагата по исчезнатото двегодишно девојче во Србија

Трае потрагата по двегодишното девојче, кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поле, недалеку од Бор во...

Свет1 ден

Израел во текот на ноќта жестоко го бомбардира јужниот дел на Газа: „Луѓето умираат само за да добијат конзерва туна“

Израел во текот на ноќта интензивно го бомбардираше јужниот дел на Појасот Газа, и покрај меѓународниот притисок за итен прекин...

Свет1 ден

„Не веруваме дека ќе ги пронајдеме живи“: Запрена потрагата по исчезнатите лица по уривањето на мостот во Балтимор

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се...

Македонија1 ден

Османи со дипломатскиот кор за четвртата годишнина од членството на Македонија во НАТО

Со цел одбележување на 4-та годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска...