Контакт

Daily news

ВМРО-ДПМНЕ: Фросина Ременски ја дефокусира јавноста

Објавено пред

По денешената посета на екс-министерката Фросина Ташевска Ременски на децата со пречки во развојот, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Реакцијата oд Лилјана Кузмановска ви ја пренесуваме интегрално:

dobivaj vesti na viber

Децата со посебни потреби, лицата со инвалидност, нивните семејства и сите социјално ранливи групи на граѓани го заслужуваат целосното внимание и грижа од страна на институциите.

ВМРО-ДПМНЕ досега реализираше огромен број на проекти за подобрување на животот на децата со аутизам и децата со посебни пореби, за родителите на овие деца како и за сите лица со инвалидност.

Пристапивме кон модел за помош и грижа на децата преку нивна децентрализација и деинституционализација. За таа цел отворивме 32 дневен центар и тоа:

  • Дневни центри за аутизам отворивме во Скопје и Штип.
  • Дневни центри за деца со оштетен вид се отворени во скопската општина Кисела Вода и во Велес.
  • Дневни центри за деца со посебни потреби отворивме во општините: Скопје (Дневен центар за деца со церебрална парализа, Дневен центар за ментална и телесна попреченост, Дневен центар за возрасни).

Го зголемивме износот на посебен додаток за самохрани родители на дете со пречки во развојот за 50%.

Го зголемивме и посебниот додаток за материјално необезбедени родители на деца со пречки во развојот за 25%.

Воведовме посебен додаток за сите деца со Даунов синдром. Со измените и дополнувањето на Законот за заштита на децата се воведе и остварување на правото на посебен додаток на сите деца со Даунов синдром со месечен износ од 4.366 денари.

Усвоена е Националната стратегија за деинституционализација во системот на социјалната заштита (2008-2018). Преку процесот на постепена деинстуционализација, лицата со попреченост во менталниот развој се сместуваат во станови во заедницата (до 5 лица) и примаат поддршка во согласност со нивните индивидуални потреби. Организираното живеење со поддршка кај овие лица овозможува видливи позитивни промени на психофизички и на социјален план. Моментално функционираат вкупно 16 станбени единици за организирано живеење со поддршка во кои се сместени вкупно 76 корисници.

Реализирани се уште десетици други проекти за оваа категорија на граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи да релизира проекти кои директно ќе го подобрат животот на децата со аутизам, децата со посебни потреби, лицата со инавлидност, за социјално ранливите категории на граѓани.

Предвидено е отвoрање на дневни центри за деца и лица со пречки во развојот и тоа:

  • Отворање на дневни центри на деца со пречки во развојот во 6 општини во РепубликаМакедонија.
  • Отворање на дневен центар за деца со Даунов синдром во Скопје.
  • Отворање на дневен центар за лица со церебрална парализа во Скопје.
  • Отварање на Дневен центар за возрасни лица со тешка и најтешка попреченост во 4 општини

Освен тоа се предвидува и Центар за рана детекција на децата со аутизам.

Дополнително се работи на изготвување на измени на законот со кои ќе се обезбеди поголема Заштита на работниците – родители на овие деца со посебни потреби при што ќе се направи законско уредување за забрана на отказ на договор за вработување од деловни причини за работник што е родител на дете со посебни потреби.

Исто така ќе се овозможат Бесплатни здравствени прегледи на деца со пречки во развојот коишто се корисници на дневните центри за деца и лица со пречки.

Овие и уште многу други конкретни проекти се вистинска грижа за граѓаните и за семејствата на лицата со посебни потреби, наместо лагите и манипулациите кои им ги нудат СДС и најнеуспешната министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски.

Срамно е што СДС се обидува да ја злоупотреби судбината на сите овие лица. Фросина Ременски имаше доволно време во МТСП да направи нешто за ранливите категории на граѓани но својот мандат како министер го заврши со 0 релизирани проекти

Таа нема никакво право да зборува за децата со посебни потреби таа во својот мандат наместо да направи нешто добро за сите овие деца и лица ги кочеше и блокираше секој проект како и проектите кои го подобруваат нивниот живот, го кочеше отварањето на дневните центри, го кочеше отварањето на градинките, ги кочеше проектите за децата со посебни потреби, го кочеше доделувањето на социјалните станови за најранливите само затоа што се тоа проекти на ВМРО-ДПМНЕ

Ременски не се грижеше се за лицата од социјално ранливите категории на граѓани. Така беше и кога СДС ја предводеше владата во периодот пред 2006-та кога не направија ама баш ништо за децата со посебни потреби и социјални ранливите категории на граѓани, напротив ги оставија на питачки стап овие семејства.

Фросина Ременски сега излегува без никаква доблест со препишани проекти од програмата и отчетот на ВМРО-ДПМНЕ и повторно се обидува да ја манипулира и лаже јавноста.

Фросина Ременски се обидува очајно да ја дефокусира јавноста од темата за Тиранската платформа која нејзната партија ја прифати. За жал таа тоа го прави на најбезобразен начин, лажејќи и манипулирајќи со чувствата на граѓаните.

 

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија6 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија6 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија8 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија12 часа

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија16 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија16 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија16 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија19 часа

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет20 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет21 час

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија1 ден

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ2 дена

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија2 дена

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ2 дена

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија2 дена

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија2 дена

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија2 дена

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија2 дена

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион2 дена

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...